Ракомет Спорт

Минимален триумф за „два од два“ против Кувајт

Македонската ракометна репрезентација денеска по втор пат го совлада Кувајт на пријателски натпревар одигран во Маврово во рамки на подготовките за Европското првенство. За разлика од првата средба во понеделникот, кога славевме со 10 голови разлика, денеска момците на селекторот Кирил Лазаров мораа добро да се помачат за да дојдат до победата, бидејќи славеа со минимални 22-21. Голема минутажа повторно добија младите ракометари.

Македонија триумфот го обезбеди во последните 90 секунди од средбата, бидејќи гостинот водеше речиси цел натпревар. На полувремето беше 11-12 за Кувајт. Во вториот дел почнавме исто така па откако не постигнавме гол цели седум минути, гостите се одлепија на највисоки четири разлика или 11-15. Македонија потоа заигра далеку подобро, а пресвртот го направи во финишот, најмногу благодарение на голманот Мартин Томовски, кој најпрво одбрани пенал, а потоа и го спречи Кувајт во последниот напад да се избори за реми.

Младиот Игор Ѓоргиев беша најдобар во составот на Македонија со шест голови, Ненад Костески постигна четири, а Бојан Маџовски три. Томовски го заврши натпреварот со 8 одбрани и еден гол, додека Никола Митревски имаше шест интервенции.

Репрезентацијата и утре ќе тренира во Маврово и ќе ја заокружи првата фаза, а подготовките за Европското првенство ги продолжува во Скопје на 2 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе