Ракомет Спорт

Лазаров по двата дуели со Кувајт: Имам јасна севкупна слика

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров е задоволен од она што подмладениот тим го прикажа на двете контроли со Кувајт во рамки на подготовките во Маврово.
Денеска нашите ракометари победија многу потесно со 22-21, за разлика од првиот натпревар во понеделникот кога беше 10 разлика.

„Мислам дека резултатот од првиот натпревар не беше реален. Кувајт е добро истренирана екипа, предводена од еден стратег како Борис Дениќ, кој веќе работи таму еден подолг период. Ние трениравме максимално напорно вчера, а дури и денеска наутро. За нашите млади играчи овој натпревар беше едно големо искуство. Задоволен сум од победата, но и да беше поинаку немаше да очајуваме. Имам јасна севкупна слика. Се соочуваме со проблеми со повредени играчи и се надевам дека ќе се опорават побрзо. Утре сабајле и попладне продолжуваме со напорната работа“, изјави Лазаров.
Победата денеска беше извојувана во самиот финиш, а селекторот е среќен од тоа како реагирале играчите под притисокот.
„Важно е играчите да бидат фокусирани до самиот крај и покажаа карактер, тоа е позитивна работа. Победникот не се знаеше до последната секунда. Видовме како регираат некои играчи во неизвесни завршници. Имаме време да исправиме доста работи по новогодишните празници“.
Националниот тим се комплетираше со пристигнувањето на играчите од Бундеслигата, кои ги прескокнаа овие два натпревари со Кувајт.
„Морам да искажам голема благодарност до Филип Миркуловски, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски, кои ни се приклучија веднаш по завршувањето на нивните клупски обврски. По некое непишано правило заслужуваат одмор барем до 2.јануари и тоа само покажува колку се подготвени да се жртвуваат за македонскиот дрес“, заврши Лазаров.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе