Во катастрофата предизвикана од тајфунот Раи, што ги погоди централните и југоисточните делови на Филипините, се зголеми на 388.
Во соопштението на Одделот за цивилна одбрана се наведува дека од тајфунот биле оштетени приближно 482.000 куќи.
Бројот на лицата кои ги загубиле животите во поплавите, проследено со силно невреме, свлечишта и уривања предизвикани од тајфунот се искачи на 388, а 60 лица се уште се водат како исчезнати.
Повеќе од 300.000 луѓе престојувале во камповите за евакуација во земјата, а повеќе од 200 илјади луѓе се засолниле кај своите роднини во други региони.
Гувернерот на Бохол, Артур Јап, им наложи на градоначалниците во административните граници на провинцијата „да ги поддржат напорите за итна помош и да ги задоволат итните потреби на луѓето како храна и вода“.
Претседателот Родриго Дутерте најави дека по неговите истраги, на регионот ќе му бидат дадени 40 милиони долари.
Просечно 20 бури и тајфуни ги погодуваат Филипините секоја година.
Од друга страна, поради Хаијан, познат како „најсмртоносниот тајфун што ја погоди земјата“, во 2013 година загинаа повеќе од 6.000 луѓе и имаше големи разурнувања.
