Вести Код Македонија

КОД: Убиство или самоубиство на семеен насилник во Кочани?

Повеќе од 27 години Наталија живеела под семејно насилство. Сопругот- насилник работел во судот во Кочани. Преклани во септември се одиграл крвавиот епилог на оваа од државата дозволена семејна драма. Сторијата за семејството Стоиловски од Кочани ќе ја гледате вечерва во КОД. Сопругот-насилник Ванчо Стоилковски загинува од 4 длабоки убоди со нож.

И додека државата го гони за убиство постариот син, семејството тврди дека станува збор за самоубиство и дека нема убијци во нивниот дом. Случајот е вратен на повторно судење.

Во куќата на семејството Стоиловски во Кочани мајката и сопруга Наталија преживеала втор напад со секира за една седмица. Но сопругот Ванчо не преживеал. Со 4 убоди од нож, длабоки меѓу 10 и 14 сантиметри лежел мртов на плочникот во дворот.

По првичната истрага, полицијата покренува истрага за убиство, а обвинет и суден за смртта на таткото е постариот син. Вештачењата тврдат станува збор за убиство. Но и обвинетиот и мајката и неговиот помал брат тврдат дека станува збор за самоубиство.

По првичното судење и двегодишна затворска казна, штипска апелација го врати случајот на почеток. Вториот судски процес ќе се одвива во кочанскиот суд, каде настраданиот работел како судски курир и им било познато дека е семеен насилник .

Злосторот и жртвата можеле и да се избегнат доколку социјалните служби и полицијата се потрудиле и презеле повеќе за заштита на жената која речиси три децении трпела болка и малтретирање. Но, никој од надлежните служби не е на обвинителна клупа.

Целата емисија е на видеото.

Во КОД на 26.12.2021. емитувани се и две стории во кои две жени тврдат дека се жртви на сериозни лекарски грешки, едниот случај се одиграл во Систина, а судот ја отфрлил тужбата на пациентката.

Вториот случај е во тетовската клиничка болница каде родилка едвај го преживеала царскиот рез и била лекувана со чај и шишиња топла вода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Дејан Дејан

Стабилно, суво и студено време – Временска прогноза за 19.2.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе