Ракомет Спорт

Давид Дејвис ќе го води Вардар до крајот на овааа сезона

Вардар го реши прашањето околу тренерот за вториот дел од сезоната. Давид Дејвис се враќа во Скопје за да го предводи двократниот европски шампион.

Шпанскиот стратег добро го познава клубот, бидејќи беше дел од стручниот штаб на Раул Гонзалес при освојувањето на првата титула во Лигата на шампиони во 2017 година, а потоа седеше и на клупата на женскиот тим на Вардар. Работеше како помошник селектор во Русија, па го предводеше Египет, а последно работеше во Веспрем.

Претседателот на македонскиот шампион Михајло Михајловски призна дека многу тренери се понудиле да работат во Вардар, но одлучил да му ја даде довербата на Дејвис, кој доаѓа во позната средина и го познава македонскиот јазик. Неговиот договор ќе биде до крајот на оваа сезона, а потоа двете страни повторно ќе преговараат за продолжување на соработката.

Дејвис ќе го наследи Веселин Вујовиќ, под чие водство Вардар нареди седум порази по ред во Лигата на шампионите. Привремено прв тренер на клубот беше поранешниот играч Владо Недановски.  Подготовките за вториот дел од сезоната Вардар ќе ги започне на 10 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе