Себастиан Курц, доскорешниот премиер на Австрија се вработил во компанија во САД, објавија австриските медиуми.
Курц беше најмлад австриски канцелар, но си даде оставка оваа есен поради отворена истрага за корупција со која е опфатен и тој.
Според првичните информации на медиумите во Австрија, Курц е вработен како консултант со годишна плата од 500.000 долари во фирма во силиконската долина во Калифорнија. Името на фирмата не е објавено, а на споменатата локација седишта имаат главно информатички компании.
Курц како австриски канцелар и министер за надворешни работи кој доаѓаше од конзервативна и демохристијанската партија во Австрија оствари повеќе посети на Македонија. Австрија и пред и по неговиот мандат остана европски парнер кој соработува со балканските држави и подржувач на отпочнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
Но, брзата дипломатско-политичка кариера беше прекината со истрага за корупција додека тој беше на врвната позиција во Австрија.
