Откако пандемијата целосно ги откажа ланските празнични патувања, оваа година, се поголем број туристи се враќаат во финска Лапонија – дестинацијата каде ќе се сретнат со Дедо Мраз.
Сепак, нема прегратки и фотографирања со славниот дедо.
Посетителите се одвоени од него со плексиглас кој е во облик на празничното колаче од ѓумбир.
Органиазаторите се задоволни од бројот на туристи кои според нив се враќаат на речиси ист број како и пред пандемијата.
Во поштенското сандаче на Дедо Мраз секоја година пристигнуваат по половина милион писма со детски желби, а во пикот бројот на писма достигнува и до 30 илјади дневно.
Најмногу пристигнуваат писма од Финска, Полска, Кина, Јапонија, Велика Британија и Италија.
Во селото на Дедо Мраз, тие не можат да го прегрнат, но имаат можност да се возат со санки, кои влечат ирваси, а ако се среќни и да ја видат Северната светлина.
