Компјутерските системи на белгиското Министерство за одбрана биле мета на хакери.
Портпаролот на Министерството, Оливие Северин, рече дека компјутерската мрежа со пристап до интернет била нападната минатата недела.
Северин изјави дека вработените во министерството се „мобилизирале“ во текот на викендот за да го решат проблемот.
Портпаролот на министерот за одбрана Лудивин Дедондер во изјава за Политико дека министерството „работи многу напорно“ за да обезбеди безбедност.
Од Министерството објавија дека изворот на сајбер нападот се уште не е познат.
