Вести Македонија Најважни

Телма дознава- никој од актуелните пратеници на Алтернатива нема да е на министерско или директорско место

Централното претседателство на Алтернатива бира прв човек во здравството, министри, заменици и директори на позициите кои лидерот Африм Гаши ги договори со Зоран Заев.

Вечерва ќе се знае дали стоматологот Беким Сали ќе го замени Венко Филипче или некој друг од редовите на Алтернатива.

Телма дознава дека никој од актуелните пратеници нема да е на министерско или директорско место. Тоа значи дека и Гаши нема да е дел од Влада.

Актуелни пратеници на Алтернатива се: Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини, Скендер Реџепи и Хусни Исмаили.

Алтернатива одлучува кој ќе седне во министерските фотелји во здравство и информатичко општество, но и кој ќе биде министер без ресор задолжен за дијаспората.

Партијата ќе бира 47 идни фукционери во реконструираната Влада. На позициите, најверојатно, официјално ќе бидат назначени во вторник.

Скендер Реџепи пред почетокот на Централното претседателство им порача на новинарите да бидат потрпеливи.

Билјана Николовска со најновите информации се јави во Вестите на Телма во 18.30

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе