Холандија објави строг карантин за време на Божиќ поради се поголемата загриженост за варијантата на коронавирусот Омикрон.
Освен продавниците за неопходни намирници, останатите како барови, теретани, фризери и други јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Ќе бидат дозволени по двајца гости во домаќинствата, односно четворица за време на празниците.
Премиерот Марк Руте рече дека ограничувањата се „неизбежни“.
- Холандија од утре повторно влегува во карантин. Холандија повторно ќе биде биде заклучена. Тоа е неизбежно поради петтиот бран предизвикан од новата варијанта на коронавирусот омикрон која се шири кај нас. Омикрон се шири побрзо од очекуваното. Затоа мораме да интервенираме сега за да го спречиме најлошото од претпазливост, рече Руте.
Земјите низ Европа ги заоструваа ограничувањата како што се шири мутираната варијанта.
Новите правила во Холандија, најстроги досега воведени по појавата на Омикрон, стапуваат на сила утре.
Холандскиот национален институт за јавно здравје соопшти дека во земјата се регистрирани повеќе од 2,9 милиони случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата и повеќе од 20.000 смртни случаи.
