Вести Свет Топ вести

Задолжителна трета доза вакцина за медицинските лица и пожарникарите во Франција

Француските власти од 30 јануари воведуваат задолжителни засилувачки дози вакцини против Ковид-19 за пожарникарите и медицинскиот персонал, соопшти денеска министерот за социјала и здравство Оливие Веран во изјава за радиото Франс Интер, пренесува БГНЕС.

– Ќе го засилиме ангажманот за да го вакцинираме медицинскиот персонал и пожарникарите со трета доза од 30 јануари, рече Веран. Според него, тоа е неопходно за да се избегне зголемување на бројот на вработени во овие категории кои не можат да одат на работа поради инфекција со Ковид и карантин по контакт со заразени. Според него, во Франција, вклучително и во парискиот регион, се идентификувани неколку кластери со новиот сој омикрон.

Земјата ќе ги откаже концертите и огнометите за новогодишната ноќ. На почетокот на јануари владата ќе расправа за предлог-законот со кој здравствените пропусници ќе се заменат со потврди за вакцинација. Поседувањето таков сертификат, издаден само на вакцинирани лица, ќе биде неопходно за пристап до институциите за рекреација и култура. Досега здравствената книшка се издаваше и по вакцинација со вакцини одобрени од ЕУ, но и врз основа на потврда за прележан вирус. Франција се справува о петтиот бран на Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе