Вести Свет

Можната руска инвазија на Украина и заканата од Омикрон сојот главни теми на самитот на европските лидери

Опасноста од можната руска инвазија на Украина ќе биде главната тема на денешниот самитот на лидерите на Европската Унија, со закана за санкции без преседан против официјална Москва и ветување за дипломатски разговори.

Зголеменото распоредување на руските воени единици на границата со Украина е во фокусот на вниманието на 27-те лидери на земјите членки на ЕУ, како и молбата на Украинскиот претседател за воведување нови санкции против Русија пред да се случи можната инвазија

Американски разузнавачки извори пренесоа дека Русија веќе пренела повеќе од 70 000 војници на Украинско-Руската граница и се подготвува за инвазија на почетокот на наредната година.

Очекувањата се дека лидерите на самитот ќе усвојат заклучок, кој според информациите на странските медиуми, ќе предупреди дека секоја нова воена агресија против Украина ќе има огромни последици и висока цена која ќе треба да се плати.

На самитот ќе се направи и обид за справување на порастот на бројот нови случаи на корона вирусот на европскиот континент и појавата на омикрон сојот а притоа да се задржат границите отворени.

Со доаѓањето на празниците, лидерите на ЕУ сакаат да избегнат збунувачка мешавина на правила и да обезбедат дека сите 27 земји членки остануваат со заеднички став и дека сертификатите за Ковид-19 и натаму ќе гарантираат патувања без рестрикции.

Според, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, до средината на Јануари, очекувањата се дека Омикрон ќе стане доминантната варијанта на корона вирусот во Европската Унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе