Во Србија пристигна лек против коронавирусот, кој го произведува американската компанија „MSD“, објави на Инстаграм српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој вели дека лекот им помага на пациентите во првите пет дена по позитивен тест на ковид-19.
- Лекот спасува животи, спречува огромен процент на смртни случаи, рече Вучиќ.
Овој лек пред се е наменет за најзагрозените групи – дијабетичари, лица со кардиоваскуларни заболувања, како и лица со прекумерна тежина.
Вучиќ и ги замоли сите лекари во Србија да го користат лекот што пристигнал во земјата.
- Го купивме во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија. Животот и здравјето на луѓето немаат цена, истакна српскиот претседател Вучиќ.
View this post on Instagram
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
