Спорт Фудбал

Скандал на жрепката за ЛШ, УЕФА ќе ја повтори процедурата

Поради грешката за време на жрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите, УЕФА донесе одлука таа да се повтори и новите двојки ќе се одредат во 15 часот.

Причината за поништувањето е моментот кога на Вилјареал за противник му беше одреден Манчестер Јунајтед, тим со кој заедно настапија во фазата по групи од елитното натпреваување што е спротивно на правилата.

Иако се чини дека извлекувањето требаше да се повтори, жрепката продолжи и жрепката одреди шпанскиот клуб да се соочи со Манчестер Сити.

Но, тоа не беше се за време на скандалозното извлекување на двојките. Кога се бараше противник за мадридски Атлетико  во садовите ја немаше топката со името на Манчестер Јунајтед што е дополнителна причина за поништување.

“По техничкиот проблем со софтверот на надворешниот соработник кои ги известува службените лица кој клуб со кој противник може да се сретне направена е материјална грешка и по што се донесе одлука за повторување на жрепката”, се вели во официјалното соопштение на УЕФА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе