Вести Магазин Свет

Маж во САД се обидел да киднапира авион, му се заканувал со бомба: „Сакам да одам во Областа 51“

Полицијата во Лас Вегас уапси маж кој ја пробил безбедносната ограда на аеродромот, тврдејќи дека сакал да украде авион за да стигне до местото познато како Област 51.

Човекот и рекол на полицијата дека сакал да го украде авионот за да може да лета до Областа 51 и да ги види вонземјаните. Тој беше уапсен откако возел низ оградата на меѓународниот аеродром Мекаран, паркиран на рампата на авионот и му се заканувал со бомба, пишува Си-Ен-Ен.

Тој е уапсен поради попречување на приватен имот и терористички чин, се наведува во полицискиот извештај.

Според полицијата, откако ја пробил оградата, мажот влетал меѓу неколку авиони, па се паркирал во близина на еден од авионите и им се заканил на вработените.

Сведоците велат дека на лицето носел маска на кловн. По заканата тој се вратил во возилото, додека вработените избегале на безбедно и почнале да го евакуираат аеродромот.

Кога пристигнала полицијата, успеала да го запре возилото и веднаш го привела осомничениот. При претрес на неговиот автомобил, полицајците пронашле направа која наликувала на резервоар за кислород и нешто што личело на апарат за гаснење пожар, околу кое биле обвиткани многу жици.

Инаку Областа 51 е воена база лоцирана во јужниот дел на западна Невада во САД. Се користи како полигон за обука на воздухопловните сили на САД. Самото име всушност доаѓа од ознаката на мапата.

Таа воена база долго време беше во фокусот на различни теоретичари на заговор кои веруваат дека американската влада таму крие тела на вонземјани и НЛО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе