Македонија

Османи: Добрите односи со Бугарија немаат алтернатива, ќе бараме решение

Добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Република С Македонија се без алтернатива, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Агенцијата БГНЕС.

Прашан што ќе направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Османи нагласи дека по однос на политичките прашања, според него, во следниот период активно ќе се бара решение. Како што знаете, истакна шефот на дипломатијата, С Македонија беше конструктивната страна за изнаоѓање решение.

– Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да почнат разговорите. Сметам дека и во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија, рече Османи.

Нагласи дека немаме друга алтернатива освен заедничка европска перспектива. Се надеваме, подвлекува тој, дека оваа политичка стабилност во двете земји ќе даде резултат.

БГНЕС потсетува дека вчера за време на редовниот состанок на Советот за општи работи во Брисел, бугарската делегација истакнала дека „РС Македонија сè уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција“.

– Во последните неколку месеци бугарската страна предложи голем број опции за надминување на отворените прашања со Република Северна Македонија, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Нашите партнери во PCM треба да преземат конкретни обврзувачки ангажмани, од кои некои треба да се спроведат на краток рок, а останатите треба да бидат меѓу барањата во идната преговарачка рамка. Се додека тоа не се случи, не може да се очекува напредок во процесот на проширување со Република Северна Македонија, изјавил шефот на бугарската делегација, амбасадорот Румен Александров, пренесува БГНЕС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе