Македонија

Спасовски: Врз основа на резултатите од истрагата ќе постапиме, гарантирам дека органите ќе реагираат брзо и ефикасно

Во интервјуата за хрватската РТЛ и црногорската РТЦГ истакнав дека за утрешниот ден бугарските истражни органи најавија обраќање со првични резултати од истрагата за автобуската несреќа, објави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук – профил.

– Врз основа на резултатите од истрагата ќе постапиме, гарантирам дека органите ќе реагираат брзо и ефикасно. Идентификацијата на загинатите е започната, а на истата работат заеднички тимови од институтите за судска медицина од Република Северна Македонија и Република Бугарија, при што македонската страна учествува во обезбедување на ДНК материјал од роднините на загинатите, објави Спасовски.

Според најавите на бугарските власти, напиша Спасовски, целиот процес може да заврши за седум дена, по што ќе бидат пренесени посмртните останки на жртвите.

– Одговорноста е најважна, да се утврди одговорноста и да се сносат последици, за да не се повтори ваква ситуација. Апелирам да не се изнесуваат шпекулации во јавноста, за да не наштетат на истрагата.

Официјална информација е дека денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го потпиша одземањето лиценца за работа на превозникот Беса-Транс, објави на фејсбук министерот Спасовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за справување со летните пожари

Kristina Kuzmanovski

Откриени 2000 шишенца со медицински раствор спакувани во папки и кеси во кабина на камион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе