Ракомет Спорт

Вујовиќ: Мораме да ја прекинеме серијата порази

Ракометарите на Вардар по серија од четири последователни порази во елитното натпреварување во Скопје го пречекуваат Пик Сегед.

“Сите сме во шок од трагедијата која што се случи. Во име на целата „црвенo-црна“ фамилија упатувам сочувство. Никогаш не сакам да бидам реален тренер, бидејќи ако сум реален не можеме да направиме добар резултат. Пик Сегед направи проект пред девет години. Ги донесе сите играчи и само два пати беа шампиони на Унгарија и ниту еднаш не беа на Ф4. Михајловски се врати да го спаси клубот, а не како фудбалскиот тим да биде Втора лига и да испадне. Мораме да сфатиме дека ова е нов Вардар и тука сме да создаваме тим. Ние загубивме од големи клубови. Замислете да се во наша група Динамо Букурешт и да изгубиме од нив па ќе ме распнете, на пример во Веспрем е се океј”, изјави тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Предводникот на “црвено црните” има проблеми со составувањето на тимот, но очекува дека сепак на располагање ќе ги има сите играчи.

“Дибиров има вироза и е на инфузија. Не знам дали ќе биде подготвен. Тото исто не знам во каква состојба ќе биде. Столе и Кудуз исто имаат проблеми. Без на разлика на се и тоа дека имам само три дена време за подготовка за ЛШ со еден тим па потоа со друг тим за домашно првенство. Сметам дека мораме да го добиеме овој меч. За моите критериуми, за тие на јавноста, на навивачите би било лошо да загубиме пет меча по ред. Ќе базираме се на добра одбрана, бидејќи не ни одговараат мечеви со многу голови. Ќе направиме се за да победиме”, заврши Вујовиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе