Економија Топ вести

Двата блока во РЕК работат со половина капацитет поради лошиот јаглен

ЕСМ во вторник ќе соопшти која е фирмата победник на тендерот за набавка на јаглен за РЕК Битола, која количина ќе се увезе и за која сума. Од раководството информираат дека денеска завршува евалуацијата на пристигнатите девет понуди која траеше речиси три недели.

Засега нема информација кога ќе заврши поправката на трансформаторот на Блок 3 во комбинатот, кога тој ќе почне да произведува струја и ќе биде вклучен на мрежата. Во моментов работат два блока кои произведуваат пет илјади мегавати дневно или нешто над сто мегавати на час што е далеку под максималниот капацитет а што, според нашите инфромации, се должи на слабиот квалитет на јаглен.

Покрај најавите дека ТЕЦ Осломеј ќе почне да работи од 1 декември од ЕСМ соопштија тогаш почнуваат и првите испораки на јаглен од тендерот за набавка на 130 илјади тони. Според дневно ќе се доставуваат по 1.500 тони јаглен, односно педесетина камиони, а во моментов залихата со која располага електраната е меѓу 60 и 70 илјади тони што е доволно за десетина дена работа.

Околу најавеното рестартирање на ТЕЦ Неготино и набавката на мазут неопходна за непречена работа на двата блока со капацитет од 180 мегавати засега нема официјални информации.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, смета дека предвидената финансиска помош од 65 милиони евра за ЕСМ и МЕПСО се доволни за менаџирање на економската криза но доколку се јави потреби предвидени се дополнителни средстав во Буџетот од јануари.

Речиси дванаесет милиони евра е сумата која ЕСМ ја плати во последните две недели за набавка на струја со која ќе се покрие дефицитот во домашното производство.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе