Министерката за одбрана и поранешен заменик претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска, во вечерашното интервју за Топ Тема со Боби Христов, оцени дека комплетирањето на новото парламентарно мнозинство треба да се одвива во две фази. Прво, со ситни интервенции во Владата, кои ќе го потврдат тоа, а подоцна по Европскиот Самит и со избор на нова Влада.
За шпекулациите за можните сценарија за нов мандатар и наследник на Заев- не сака да шпекулира.
Таа оцени дека лидерот на СДСМ и премиер погрешил кога го врзал својот мандат со резултатот на локалните избори.
“Ако е така, треба парламентари и локални избори, нон стоп заедно да имаме, па кој ќе победи на едните, да победи и на другите и се да биде во рацете на една политичка партија или на една владина структура” – изјави Шеќеринска.
Таа ја цитираше и изјавата на холандскиот премиер Руте, кој кажал дека не ни знае колку локални избори изгубил а се уште е премиер на државата.
Како што рече Шеќеринска, и покрај многу амбициозните, многу ( на прв поглед сигурните) изјави од страна на опозицијата дека тие се мнозинство, се покажа дека тоа било лажна вест, одговарајќи на прашањето, кој го има мнозинството во Собранието.
Главната причина заради која малцинството е кај другата страна, според Шеќеринска, е дека и покрај големите политички разлики помеѓу малите и големите партии во Собранието,најголем дел од нив се под влијание на фактот дека во Северна Македонија, огромното мнозинство на граѓани посакуваат една европска, евроатлантска, западно ориентирана држава.
Се додека некои во опозицијата имаат сомнежи за таа опција, обидите за мнозинства ќе пропаѓаат, изјави Шеќеринска за Топ тема.