Култура

Филмот „ Стела“ се закити со сребрена плакета на Индискиот филмски фестивал за деца

Македонскиот игран филм за деца „Стела“, во режија на Стојан Вујичиќ, освои Сребрена плакета на „ Chinh India Kids Film Festival“, што се одржа по 15 пат. Ова е трето фестивалско признание за филмот, работен како копродукција меѓу Македонија, Србија и Германија. Македонски продуцент е „ Дрим фектори“.

  • Целта на 15-тиот  „Chinh India Kids Film Festival“ е да се всади вкус за квалитетна детска програма и да се генерира свест за новите жанрови, иновации и формати кои го поврзуваат образованието со прашањата за култура и развој кај децата. На овој фестивал е важно мислењето на децата и тие одлучуваат за победниците на филмскиот фестивал. Токму затоа успехот на „Стела“ и добивањето  сребрена плакета е огромен, велат од „Дрим фектори“.

Фестивалот „Chinh India Kids Film Festival“, е основан  по повод 60-годишнината од независноста на Индија, со цел да се слави знаењето, идеите и перспективите за културата и образованието во контекст на детскиот развој.

Покрај „Дрим фектори“ и продуцентот Огнен Антов, во реализацијата на филмот беа вклучени и српската „Акција продукција“ и германската „Моуна“. Филмот беше финансиски поддржан од нашата Агенција за филм, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија.

Во филмот главен лик е шарпланинката Стела,  првпат во долгометражно остварување настапува младиот Петар Маниќ, а играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе