Ракомет Спорт

Вардар поразен на гостувањето во Унгарија

Ракометарите на Вардар на гостувањето против Пик Сегед доживеаа пораз од 34:31 и го забележаа четвртиот последователен неуспех во Лигата на шамионите.

“Црвено црните” беа рамноправен противник во текот на целиот меч, но освен предноста од 2:1 на почетокот од натпреварот во останатиот дел водството беше на страната на противникот.

Во првиот дел Унгарците имаа контрола врз резултатот, а највисоката предност ја забележаа на средината од овој период кога водеа со 11:7 и 13:9.

Вардар постојано успеваше да ја намали предноста на противникот, а во финшот од првото полувреме стигнаа и до израмнување од 13:13, но на одмор се замина со негатива од два гола.

Во продолжението од мечот Вардар постојано беше во заостанување од еден до два гола, но во самиот финиш, Пик Сегед со серија од 3:0 успеа да стигне до водство од 28:24, разлика која ја одржуваше до самиот крај за конечна победа од 34:31.

Сепак и покрај поразот настапот во Унгарија го одбележа Тимур Дибиров кој го постигна илјадитиот погодок во елитното натпреварување и стана четвртиот ракометар која ја надмина оваа магична граница приклучувајќи им се на Кирил Лазаров, Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.

Токму Дибиров со седум погодоци беше најефикасен во редовите на Вардар, Анте Гаџа постигна шест додека пет пати прецизен беше Дарко Ѓукиќ.

На голот на Вардар блескаше Марттин Томовски со 13 одбрани, но тоа не беше доволно да се извлече поволен резултат на гостувањето во Унгарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе