Економија Топ вести

Третиот блок во РЕК Битола нема да проработи до крајот на годинава

Две недели по хаваријата на трансформаторот на третиот блок во РЕК Битола, раководството на Комбинатот сѐ уште нема распишано тендер за набавка на уништените делови. Станува збор за опрема која чини помалку од 100 илјади евра, но процесот на изработка и достава е долг бидејќи ги нема на залиха.

Во хаваријата која се случи на 5 ноември беа уништени проводните изолатори и одводниците на трансформаторот. Слична хаварија на истиот трансформатор се случи во август годинава. Според надлежните причина за двете хаварии е зголемувањето на напонот во мрежата.

Уште при првиот дефект во август беше укажано дека напонското ниво на енергетската мрежа не е 400 киловолти туку 420 до 425 киловолти со што е намалена сигурноста на самата мрежа а со тоа и на трансформаторот. Истиот е стар 35 години и е проектиран за напонско ниво од 400 киловолти. Ова зголемено напонско ниво беше директна причина за хаваријата, соопштуваат од РЕК Битола.

Меѓутоа, според информациите на Телма, трансформаторот кој е произведен 1987 година во „Раде Кончар“ е проектиран токму за 425 киловолти, па нејасно е зошто од раководството на Комбинатот манипулираат со бројките во официјалниот одговор.

Нејасно е што раководството на РЕК превентино не извршило набавка на овие заменливи делови од трансформаторот на третиот блок по хаваријата која се случи во август и кога при проверката е утврдено дека проводните изолатори се лоши.

Она што е јасно е дека третиот блок нема да проработи до крајот на годинава.

Досега одговорност за хавариите во Комбинатот не понесе никој. Од Владата велат дека ќе бараат одговорност од раководителите на подружниците кои потфрлиле производството.

Дефицитот од производството на струја ќе се покрива со увоз и со буџетските 65 милиони евра кои ќе ги добијат ЕСМ и МЕПСО. Колку сето ова ќе се одрази врз цената на струјата засега никој не може да предвиди. Владата ќе донесе одлука за цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи кога ќе пристигне предлогот од ЕСМ, но колку ќе поскапи Бектеши не открива.

Во меѓувреме се очекува најавеното рестартирање на Осломеј и Неготино кои треба да го надополнат производството на струја за да се намали увозот а денеска повторно треба да биде вклучен и Блок 1 во РЕК Битола кој  вчера беше исклучен заради, како што наведоа надлежните, редовна ревизија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе