Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер конечно блесна во Европската лига

Еурофарм Пелистер го запиша првиот триумф сезонава во Европската лига на ЕХФ откако вечерва во рамки на 3.коло славеше на гостувањето кај АЕК Атина со 27-30.

Битолчани уште на стартот од натпреварот го контролираа резултатот и водството. Имаа сигурно водство од три до пет голови, а на паузата резултатот гласеше 13-16 за нашиот тим. Во вториот дел не се промени нешто премногу во однос на силите на теренот, а Пелистер водеше во неколку наврати и со највисоки +6. Во финишот дојде до мало опуштање во редовите на нашиот состав, па АЕК со серија од 3-0 го ублажи поразот за конечни 27-30.

Најдобар во тимот на Пелистер беше Јосип Периќ со осум голови, а Рениер Табоада постигна шест, додека голманот Секељ имаше девет одбрани. Кај грчкиот тим најмногу се истакнаа Милонас и Цирас со по шест голови.

Следната недела нашиот тим на домашен терен во Битола го пречекува тимот на Татабања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе