Економија Топ вести

Европските експерти предупредуваат- струјата за домаќинствата мора да поскапи

Европската енергетска заедница со порака до македонските власти – цената на струјата за домаќинство мора да поскапи за да се генерираат средства за инвестирање во системот кој 30 години е оставен да се распаѓаПотрошувачката мора да се намали и веднаш мора да се почне со планирање на обновливи извори на енергија. Од Секретарјатот за енергетската заедница денеска беше презентиран извештај околу реформите во енергетскиот сектор кај државите од Западен Балкан како и Украина и Молдавија. Македонија сеуште е на првото место иако во изминатата година од Брисел не бележат никаков напредок.

Македонија е тешко погодена од енергетската криза бидејќи е зависна од увозот на струја кој некогаш изнесува и над 30 отсто од вкупната дневна конспумпција, енергетскиот систем е ранлив  и мора граѓаните да ја намалат потрошувачката. ЕСМ работи со загуба бидејќи купува струја по цена од 150 евра за мегават и ја продава на ЕВН Хоум по договорената цена од 36 евра, Владата во моментов ја надоместува загубата но тоас не може да трае до бесконечност и цената на струја за домаќинстава мора да се зголеми но мора да се внимава на ранливите категории граѓани, сметаат првите луќе на европската енергетска комисија.

Оттаму додаваат дека вина не може да се лоцира, но ситуацијата е лоша бидејќи 30 години нитуе една гарнитура не инвестираше во енергетскиот систем а како пример го наведоа проектот Чебрен кој 20 години тапка во место. Гасификација на системот, и премин на обновливи избори на енергија е решение на проблемот, но тоа бара многу средства и не може да се примени и промени преку ноќ.

Домашните но и европските експерти се на ист став, Македонија мора што побрзо да почне со „зелената агенда“ и префрлањето кон обновиливите извори на енергија бидејќи залихите на јаглен се за само уште неколку години а квалитетот на енергенсот е лош.

Од Секретарјатот денеска беше презентиран извештај околу реформите во енергетскиот сектор кај државите од Западен Балкан како и Украина и Молдавија. Македонија сеуште е на првото место иако во изминатата година од Брисел не бележат никаков напредок.

Владата минатата недела прогласи енергетска кризџна состоба во траење од 30 дена, одобри 65 милиони евра за ЕСМ и МЕПСО за увоз на струја за да се покрие недотигот во домашното производство а денеска претседателот Стево Пендаровски имаше средба и брфинг со претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски околу кризната состојба и чекорите кои мора да се превземат.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе