Вести Код Македонија

КОД: „Мојот син по вторпат убиен, првпат од несовесен, брз возач, сега од судот“

За две предизвикани жртви на улична трка, возачот кој се движел со 106 километри на час, во охридскиот суд доби условна казна. Трагедијата се случи минатото лето на патот Охрид –Пештани, а во КОД вечерва тешко повредените девојки и роднините на загинатите момчиња раскажуваат како го преживеале судскиот процес и несреќата.

„На обвинетиот му се изрекува УСЛОВНА ОСУДА со која му се утврдува казна затвор во             траење од две години и истовремено се определува дека утврдената казна нема да се изврши доколку  за време од 4 години од правосилност на пресудата не стори ново кривично дело.-Ова е   пресудата што ја изрече  судијата Бојан Мартиноски од Основниот суд во Охрид на 24 годишниот Антонио Ангелоски од  охридското село Лескоец, обвинет за сообраќајната несреќа  што се случи лани на 16 август час и половина  после полноќ на регионалниот пат Охрид-Св Наум.

Тогаш згаснаа животите на две млади момчиња,  три девојки претрпеа тешки телесни повреди со сериозни последици.

Во пресудата пишува дека обвинетиот  Ангелоски, со својот автомобил Голф, престигнувајќи друго возило Фолксфаген  со бризна од 106 км на час каде е дозволено 60,  удрил во Ситроен Ц3 со кој управувал Иван Корач на местото каде регионалниот пат се вкрстува со спореден пат од комплексот Инекс.

По ударот,  Ситроенот се забил во билбордот од десната страна на патот,  а Голфот во оградата  од левата страна.

Животот на 27 годишниот битолчанец  Иван Корач  згасна во болница, 6 часа по несреќата. Младото момче не успеа да се избори со тешките повреди на глвата, кога од силниот удар настапи крварење и нагмечување на мозкот. Милан кој беше на совозачкото седиште во Цитроенот, му подлегна на речеиси истите  повреди како и Иван, но еден месец подоцна.   Родителите на двете млади момчиња, велат дека тагата и болката се преголеми,  но силно боли и  неправдата.

-Мојот син е по вторпат убиен, еднаш убиен од несовесниот возач, вторпат убиен од судијата. Ова е доказ дека овде нема правда и дека правдата секој треба да си ја земе во свои раце, вели Владимир Корач, татко на починатиот Иван Корач.

-Преголем шок, не можев да верувам дека во оваа држава толку се евтини човечките животи. Со ваква прессуда нашето судство кажува дека секој може што сака да прави, условно ќе одгвора, што значи нема да одговара, вели Љубиша Стојановски, татко на настраданиот Милан.

Трите девојки  кои седеле на задното седиште во  Цитроенот, ја преживејаа несреќата, но со тешки телесни повреди.  23 годишната Исидора  имаше повреди  на мозокот, на двете белодробни крила,   скршеници на целото тело, се хранеше и дишеше на машина повеќе месеци.

Таа  се уште се оправува од последиците.  Нејзината 21 годишна братучетка од Битола, Сташа, преживеа неколку операции  и една година подоцна се обидува да се врати во нормален живот.

-Лежев на болница неподвижна 2 недели, што во споредба со другите повредени не е многу, имав среќа во целата несреќа. Имав 4 зафати, имав во мене шипки и шрафови, потоа лежев дома уште два месеци, повтроно се учев да одам, долго бев на рехабилитација,  бев на лекови цела година, само што ги прекинав сега. Во февруари имав уште една операција, пред две недели,  во октомври имав уште една операција. Сетоа тоа за мене е голема траума, но не само за мене, туку и за фамилијата за друштвото, вели Сташа Божиновска, повредена во несреќата.

Емилија Мисирлиевски

Во КОД вечерва и за други тешки сообраќајни несреќи кои наместо судска разврска носат долги процеси што најавуваат и можно застарување на случаите како што е прегазувањето на Иван Билински кое се одигра пред 7 години, но Врховниот суд ја поништи пресудата и го врати судењето на почеток. На новото судење не доаѓа обвинетиот за смртта на 15-годишниот Билински затоа што е во Австрија и полицијата не може да го најде.

КОД е вечерва на ТВ Телма во 19:15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина

Дејан Дејан

Детето кое нападна ученици и наставничка да биде испишано – родители на деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со петиција до МТСП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе