Кошарка Спорт

Битолчани со ужасна трета четвртина си пресудија против Војводина (ВИДЕО)

Кошаркарите на Пелистер го запишаа третиот пораз на четвртиот натпревар сезонава во АБА2-лигата. Битолчани денеска на турнирот во Осиек загубија од Војводина.

Натпреварот беше изедначен во првото полувреме по кое дури нашиот состав имаше предност од 39-36. Сепак очајната игра во во третиот период придонесе Пелистер на крајот да биде поразен. Битолчани за 10 минути игра постигнаа само девет поени, додека српскиот тим 23, по што ја направи клучната предност и не ја испушти до самиот крај за конечни 66-75.

Никола Малешевиќ со 15 поени најмногу се истакна во таборот на македонскиот тим, додека Николас Нил постигна 14 поени за Војводина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе