Вести Ковид19 Најважни

Поради хакерски напад граѓаните мора повторно да извадат ЕУ сертификат за ревакцинација

Хакерски напад е причината поради која на граѓаните вчера им пристигнаа пораки од системот за вакцинација со кои се известуваат дека повторно мораат да ги генерираат европските серфитикати за вакцинација. Токму затоа сите кои заклучно со вчера имаа таков сертификат мора да ја повторат процедурата и да извадат нов бидејќи старите веќе не постојат и се избришани како мерка на претпазливост.

Според информациите на министерството за здравство, хакерскиот напад бил детектиран од до тимовите задолжени за безбедност на сајтот за европска вакцинација ЕУДЦЦ.

Генерирани биле четири лажни ЕУ сертификати со лажни имиња и лични податоци според кои лицата на кои гласело се вакцинирале во Македонија.

„Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно, безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај“ – велат од здравство.

Од здравство потенцираат дека националниот сертификат за вакцинација е функционален  а како мерка за претпазливост ЕУ сертификатите на македонските граѓани се одново генерирани и тие може да го превземат повторно својот личен ЕУ сертификат порталот вакцинација.мк.

Телма ги провери информациите дека системот наводно не работи но информациите се испоставија како неточни.

Се обидовме со сертификат за ревакцинација издаден во Србија, и според процедурата во еден од вакциналните пунктови во овој случај Букурешт, од вработените беше внесен во системот и за кусо време можеше да се креира корисничка сметка а потоа и ЕУ сертификат неопходен за патување.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Дејан Дејан

Руски воен репортер загина во Украина

Дејан Дејан

Лукаревска: Во следните четири години ќе ја зајакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе