Со заедничка декларација до Генералната асамблеја на Европската слободна алијанса двете органмизаци на макеоднците во Бугарија и во Грција, ОМО „Илинден“ – Пирин и „Виножито“, за положбата на македонското малцинство во двете земјио. Особено се реагира на последниот развој на случувањата во Бугарија и чекорите преземени против членовите на невладините организации од македонското малцинство, и како што се наведува во аргументацијата за декларацијата, на ескалацијата на националистичката политичка и реторика во Бугарија против македонската држава, јазик и култура.
Декларацијата на двете организации содржи шест точки со кои се повикува ЕУ да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло.
Од ОМО „Илинден“ – Пирин информираат дека од Европската слободна алијанса се упатува повикат Бугарија и Грција да започнат да водат европска политика за малцинствата и да им го дадат на Македонците севкупното право предвидено со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други релевантни стандардни документи за малцинствата.
„Бугарија и Грција кои ЕУ ги смета за држави во кои владее правото, да дејствуваат како такви и да применуваат справедлив и недискриминирачки процедурален пристап кон прашањата што се однесуваат на домородните Македонци на нивната територија. И двете земји да се охрабрат да формираат комисија за постојан дијалог со претставници на домородните Македонци со цел да започне процес за давање меѓународно загарантираните права и слободи и да се променат политиките кон македонската нација во духот на европските стандарди“ е една од препораките на Европската слободна алијанса.
