Вести

Европската слободна алијанса ги повика Бугарија и Грција да изнајдат национален консензус за македонското прашање

Со заедничка декларација до Генералната асамблеја на Европската слободна алијанса двете органмизаци на макеоднците во Бугарија и во Грција, ОМО „Илинден“ – Пирин и „Виножито“, за положбата на македонското малцинство во двете земјио. Особено се реагира на последниот развој на случувањата во Бугарија и чекорите преземени против членовите на невладините организации од македонското малцинство, и како што се наведува во аргументацијата за декларацијата, на ескалацијата на националистичката политичка и реторика во Бугарија против македонската држава, јазик и култура.

Декларацијата на двете организации содржи шест точки со кои се повикува ЕУ да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло.

Од ОМО „Илинден“ –  Пирин информираат дека од Европската слободна алијанса се упатува повикат Бугарија и Грција да започнат да водат европска политика за малцинствата и да им го дадат на Македонците севкупното право предвидено со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други релевантни стандардни документи за малцинствата.

„Бугарија и Грција кои ЕУ ги смета за држави во кои владее правото, да дејствуваат како такви и да применуваат справедлив и недискриминирачки процедурален пристап кон прашањата што се однесуваат на домородните Македонци на нивната територија. И двете земји да се охрабрат да формираат комисија за постојан дијалог со претставници на домородните Македонци со цел да започне процес за давање меѓународно загарантираните права и слободи и да се променат политиките кон македонската нација во духот на европските стандарди“ е една од препораките на Европската слободна алијанса.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе