Македонија

Радев: Почитувањето на човековите права и недискриминацијата мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ

Почитувањето на човековите права и недискриминацијата се фундаментални принципи во основата на Европската унија, и затоа тие мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ, рече претседателот на Република Бугарија Румен Радев за време на состанокот со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, соопшти прес-службата на претседателот.

Радев и Радман, беа едногласни дека во интерес на стабилноста на Балканот, европската перспектива на земјите од регионот е од клучно значење, но со исполнувањето на сите критериуми за проширување.

Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Македонија со бугарска самосвест. Тој изрази поддршка за нивната желба да бидат вклучени меѓу деловите на нациите наведени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување на резултатите од пописот.

За нас е важно меѓу младите од Република Северна Македонија да не се влева омраза кон Бугарите, рече претседателот на Бугарија и даде пример со учебниците во земјата, каде што се уште има искривени толкувања на Бугарија и Бугарите.

Румен Радев и Гордан Грлиќ -Радман констатираа дека билатералните односи меѓу Бугарија и Хрватска се одлични и постојат можности за проширување на соработката во областите од заеднички интерес, како и во блиското културно-историско наследство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе