Епидемиолозите апелираат за поголема свесност и одговорност од учесниците во локалните избори. Собирите без почитување на мерките и протоколите се опасност за влошување на состојбата со ковид-19 во државата, но во истовреме се испраќа порака дека не важат истите правила за сите граѓани.
Олумчев вели дека ковид-19 е во широка трансмисија во државата и според него нема никава корист од барање контакти на заразени лица. Тој вели дека целиот овој процес е залудно трошење време и енергија.
Состојбата во Гевгелија засега е стабилна. Најголемо ширење на вирусот е забележан помеѓу учениците, но тие бројки не се алармантни. Овој град е еден со нјамногу вакцинирани граѓани против ковид-19.
Сузана Мицева
