Македонија

Бектеши: Нападот врз Бислимоски не може да го загрози енергетскиот сектор

Министерот за економија Крешник Бектеши го осудува физичкиот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски што завчера вечер се случи на тераса од угостителски објект во централното подрачје на Скопје и смета дека тоа не може да го загрози енергетскиот сектор во земјава.

Имав прилика вчера да го гледам видеото и секако ги осудувам таквите случувања. Мене ми е мило што вчера во разговор со Бислимоски слушнав дека веќе се извиниле за нападот што му го направиле. Не верувам дека тоа може да го загрози енергетскиот сектор во нашата држава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по потпишувањето меморандум за соработка со Националната платформа за женско претприемништво.

Не сакам, потенцира, да навлегувам во независноста на РКЕ.

Тие одлучуваат во делот на исполнување на условите за лиценците, не одлучуваме ние како Министерство за економија или, пак, како Влада. Тие се во целосна надлежност на независната РКЕ чии членови се гласаат во Собранието на нашата држава, рече Бектеши.

Завчера Бислимоски беше физички нападнат од лице со лиценца за продажба на електрична енергија за кое РКЕ оцени дека не ги исполнувало своите обврски за испорака на струја кон компаниите со кои има склучено договор поради што му се заканува одземање на лиценцата за работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Изгласан дупот за Барутана кој предвидува изградба на 24 хацијенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе