Вести Култура Македонија

Бедиа Бегова, Атанас Вангелов, Павле Кузмановски и Махи Несими добитници на октомвриската награда

Одборот за доделување на октомвриски награди објави дека се избрани годинешните лауреати.

  1. За животно дело во областа на науката и образованието, наградата му се доделува на:

–  проф. д-р Атанас Вангелов, филолог.

  1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

– Павле Кузманоски, академски сликар;

– Бедиа Бегова, актерка;

– Махи Несими, политиколог.

Државната награда „11 Октомври“ се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Наградата „11 Октомври“ традиционално се доделува на Денот на востанието, а лани не беше доделена бидејќи Собранието не избра одбор за доделување на наградата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе