Вести Код Македонија Најважни

КОД: Колку е платено за бегството од Ерменија изведено од македонската дипломатска тројка

Тројца македонски дипломати во Ерменија се обвинети за кривично дело по член 239 од тамошниот Кривичен законик што има долго име „илегално преминување на границата извршено од група по претходен договор или со употреба на насилство и оружје“. Обвинети се поради помагање на осомничениот Бранислав Димитријевиќ.

Детали од обвинението поради кое македонски дипломат е во притвор во Врање во вечерашната емисија, а КОД ви открива и како се организирало бегството, но и за колку пари.

Во 2018-та за Бранислав Димитријевиќ почнува истрага во која покрај високите ерменски функционери и познати бизнисмени е обвинет за проневера. Главна ѕверка е Леван Саркисјан, брат на претседателот на Ерменија кој е сменет само неколку месеци претходно.

Димитријевиќ е надзор врз патниот коридор Север-југ преку кој се земале провизии за избор на погодни ерменски фирми. Димитријевиќ ветува дека ќе остане во Ерменија до крај на истрагата, и е под постојан надзор и контрола од специјалното анти-корупциско обвинителство во ереван. Живее во луксузна куќа платена од компанијата која ја застапувал белгиско-шпански конзорциум.

После повеќе од година дена почнува да бара излез од таа ситуација. Па преку тесен круг на пријатели пушта глас дека му е потребна услуга за бегство.  Цената била во стотици илјади евра. Повеќе во емисијата КОД вечерва во 19:15 на ТВ Телма.

Во КОД вечерва и приказната за тоа како е младите страдаат од ковид 19 и зошто, нивните најблиски, одговорноста ја бараат во здравствениот систем.

Во КОД и приказната на Симона Анѓелеска, чиј татко раскажува како неговата ќерка низ здравствените лавиринти стана најмлада жртва на пролетниот бран на КОВИД 19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе