Првиот долгометражен филм на Калтрина Красниќи „Вера сонува за морето“, во продукција на „Дрим Фектори“ ќе ја има својата светска премиера на Интернационалниот фестивал во Венеција на 8 септември. Филмот е влезен во официјалната селекција на 78. издание на Фестивалот во програмата Хоризонти.
Влезот во официјалната селекција и светската премиера на филмот „Вера сонува за морето“ на режисерката Калтрина Красниќи на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција е сон кој конечно ми се оствари, да бидам дел од одлично сценарио и да зачекорам по црвениот тепих, вели Теута Ајдини Јегени.
- Живеам во една мала чудесна земја, каде невозможното станува возможно. Каде далечината е блиску, каде желбата станува реалност, каде сонот станува јаве- Теута Ајдини Јегени, во улогата на Вера.
„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик која по самоубиството на сопругот, реномиран судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.
- На албански ако се анализира насловот Вера на албански значи лето и има феноменална игра на зборови и една парадоксалност летото персонифицирано во ликот на Вера сонува за морето- Рефет Абази, во улогата на Басри.
За Антов, кој e и продуцент на филмот културата е еден од подобрите промотори на државата, дали вистински се вреднува тоа кај нас е друго прашање.
- Мислам дека најточно би одговориле вие како фела дали е вистинско вреднувањето, бидејќи вие ја вреднувате, но дали институциите ја вреднуваат тоа е нешто што е можеби простор за дебата во наредниве 150 до 200 години за да одговориме дали вистински се вреднува културата во Македонија. Мислам дека точниот одговор е не се вреднува доволно – Огнен Антов, продукција „Дрим Фектори“.
- На овој начин ја заокружуваме можеби една од најуспешните фестивалски години на македонскиот филм со тоа можам да кажам дека јас лично сум горд и сите од Агенцијата за филм сме горди што успеавме да препознаеме и да ги поддржиме филмските проекти кои ни донесоа огромни успеси- Бојан Лазаревски, директор на Агенција за филм на РСМ.
Филмот е влезен во официјалната селекција на 78. издание на Фестивалот во Венеција во програмата Хоризонти. Светската премиера на „Вера сонува за морето“ копродукција на Косово, Македонија и Албанија е на 8 септември.
Нина Стефанова