Вести Македонија

Сертификати за вакцина или прележан ковид не се потребни за малолетни, редарите во некои трговски центри ги проценуваат тинејџерите од око или според висина

Малолетно момче денеска не било пуштено во два мол-трговски центри во Скопје бидејќи редарите му барале сертификат за вакцинација. Таткото на момчето со кого контактиравме ни рече дека неговиот син е малолетен, и не е вакциниран, ниту пак е прележан, а во трговскиот центар биле за да купат патики и други потребни работи за претстојната учебна година.

-Редарот ни кажа дека не смее да го пушти затоа што е висок и изгледа како полнолетен. Имало постојани контроли и му било страв за да не погреши. А момчето немаше лична карта. Ни се случи во два различни мола. Истото им се случило и двајца соученици кои имаат по 17 години. Мерките важат како што беше објавено само за оние што се полнолетни, ни изјави таткото.

Владата по вчерашната седница соошти како донесе одлука „дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

-сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето,

за лица над 18-годишна возраст.“

Владата ги задолжи угостителските објекти со капацитет над 30 лица задолжителнo e да воспостават редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката, а во помалите угостителски објекти „контролата на поседувањето на КОВИД-19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе