Загребскиот издавач „ Сандорф“, на хрваски јазик ја објави книгата есеи „ Театарски маргини“ , во превод „ Казалишни рубови“, чиј автор е нашиот долгогодишен, истакнат, театарски критичар и новинар Тодор Кузманов.
-Книгата е исклучителна според начинот на кој се промислува театарот. Првиот дел ми е најдраг.Овдека Кузманов со едноставност како во буквар, зборува за она важното во театарот. Тоа од прилика ви доаѓа како опишувајќи ги прстите, носот, ушите , нозете и т.н., да ја допирате душата на човекот. Прекрасно. Вториот дел плени со својата оригиналност во пристапот, а третиот содржи и квалитетни есеи.Читајќи го Кузманов , почувствував дека во мене се буди старата љубопитност , поради која, да сум во Скопје , би останал барем седум дена подолго, за да видам доволен број претстави , за да го запознаам тој театар што го изроди тој вид критичар, вели за книгата Јовица Поповиќ, долгогодишен театарски критичар во Радио Дубровник.
Книгата „ Театарски маргини“, е компилација од три постари книги есеи на Кузманов : „ Театарски маргини “, објавена 2006 година кај нас од издавачот „ Маска“, „ Театарски сновиденија“, од 2018 и „ Маркации на новиот театар“, од 2020 година. Последниве две книги Тодор Кузманов ги објавил како самиздати.
Тодор Кузманов работниот век во помина во Радио Скопје, од осамостојувањето- Македонско радио.
