Почина 29 годишна трудница од Куманово која била ковид позитивна. Пред да ѝ се влоши состојбата бебето е извадено со царски рез на Kлиниката за гинекологија и акушерство, и тоа сега е во инкубатор.
Жената била без коморбидитети во седмиот месец од бременоста. Пет денови се лекувала во кумановската болница и три на ГАК. Но резултатите од хемостазата биле лоши, се интервенирало со лекови за корекција на крвта, но ѝ паѓала и сатурацијата па е породена со царски рез. По пораѓајот е прфрлена на Инфективната клиника во Скопје и на машина била приклучена 48 часови. Починала ноќеска. По професија била логопед, но не била вакцинирана.
Од кумановската болница за Телма велат дека е направено се што било во нивните можности. Таа прв пат дошла во болницата на 26 јули, со симптоми на ковид, што потоа и се потврдило со позитивен ПСР тест. Два три дена била третирана во дневна болница, примала антибиотска терапија и инфузии. Но состојбата ѝ се влошувала.
Но бидејќи после два три дена состојбата се влошила, имала благ пад на сатурацијата и поизразени симптоми на воспаление на белите дробови таа е хоспитализирана на инфективниот оддел, После два дена таа им се пожалила на колегите дека не го чувствува бебето. Направена е веднаш и контролна лабараторија која што покажувала влошување на лабараториските параметри и заради тоа таа на 4 август е префрлена на ГАК. За жал денеска слушнавме дека починала што е навистина жално и покажува колку е болеста сериона и непредвидлива, изјави директорката на кумановската болница Снежана Захариева.
Другите двајца починати кумановци во последното деноноќие се на возраст од 49 и 74 години. 49 годишната жена починала после примена прва доза на вакцина. Мислела дека ѝ е лошо поради реакција од вакцината.
Втората пак примила втора доза вакцина и мислела дека и е лошо од вакцината. И лошо лоло не поминува што е како е, кажала дека примила прва доза вакцина, ајде тест, тестот позитивен. Третирана е во болница и таа отприлика три дена била кај нас, ама е пратена веднаш во Скопје, рече Захариева.
Во починатите во последните 24 часа има уште едно лице од Гостивар на 78 години.
Бројот пак на заразени со Ковид 19 се зголемува од ден во ден. Во изминатотото деноноќие, регистрирани се 398 новозаболени. Новите случаи на заболени од Ковид 19 се од направени 6.383 тестирања. Во Скопје има 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, а во останатите градови има по помлаку од 20 новозаболени. Оздравени се 18 пациенти а во моментов активни се 1.994 лица.
Александра Филиповска