Култура

Објавена во Хрватска книгата есеи „ Театарски маргини“, од Тодор Кузманов

Загребскиот издавач „ Сандорф“, на хрваски јазик ја објави книгата есеи „ Театарски маргини“ , во превод „ Казалишни рубови“, чиј автор е нашиот долгогодишен, истакнат, театарски критичар и новинар Тодор Кузманов.

-Книгата е исклучителна според начинот на кој се промислува театарот. Првиот дел ми е најдраг.Овдека Кузманов со едноставност како во буквар, зборува за она важното во театарот. Тоа од прилика ви доаѓа како опишувајќи ги прстите, носот, ушите , нозете и т.н., да ја допирате душата на човекот. Прекрасно. Вториот дел плени со својата оригиналност во пристапот, а третиот содржи и квалитетни есеи.Читајќи го Кузманов , почувствував дека во мене се буди старата љубопитност , поради која, да сум во Скопје , би останал барем седум дена подолго, за да видам доволен број претстави , за да го запознаам тој театар што го изроди тој вид критичар, вели за книгата Јовица Поповиќ, долгогодишен театарски критичар во Радио Дубровник.

Книгата  „  Театарски маргини“, е компилација од три постари книги есеи на Кузманов : „ Театарски маргини “, објавена 2006 година кај нас од издавачот „ Маска“, „ Театарски сновиденија“, од 2018 и „ Маркации на новиот театар“, од 2020 година. Последниве две книги Тодор Кузманов ги објавил како самиздати.

Тодор Кузманов работниот век во помина во Радио Скопје, од осамостојувањето- Македонско радио.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Филмски журнали снимени во Македонија, пред 70 години, станаа дел од колекцијата на Кинотека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе