Uncategorized Македонија

Евакуирани жителите на две села во делчевско поради ширење на пожарите

Евакуирани се жителите на селото Нов Истевник-делчевско , поради пожарот кој зафати куќи и штали. Меѓу евакуираните има 8 неподвижни лица. Огнот се шири и кон селото Стар Истевник , од каде исто така се евакуирани жителите . Пожарот  се шири и кон селото Црник, а густ чад се забележува и над т.н. Бабино маало во Делчево и кон клучката кон Тработивиште, јавуваат нашите репортери од терен.

Запалените куќи и штали ги гаси локалното население, пожарникарите и полицијата. Ветрот е многу силен, а огнот се движи кон регионалниот пат , па при движење , автомобилите влегуваат во облаци чад . Затоа полицијата асистира во пренасочувањето на возилата, јавуваат репортерите на Телма.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе