Македонија Најважни

Вакцинацијата ќе се засили, 600 илјади дози вакцини пристигнуваат до крајот на неделава

Со 100 илјади дози на  „Фајзер“  кои преку Ковакс ќе пристигнат утре и половина милиуон дози на „Синовак“ кои во недла со два авиона ќе бидат донесени на скопскиот аеродром процесот на вакцинација ќе добие на интензитет. Околу 180 илјади граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин ќе бидат вакцинирани во следните дваесетина дена соопштија здравствените власти. Министерот Филипче најави дека наставничкиот кадар во училиштата и гимназиите ќе биде приоритетен за вакцинација во претсотјниот период.

Процесот на вакцинација ќе добие на темпо и интензитет бидејќи крајот на неделава ќе пристигнат 600 илјади дози вакцини, најави министерот Венко Филипче. Првата пратка на вакцини ќе пристигне утре, околу 100 илјади дози од производителот „Фајзер“ а ќе бидат доставени преку Ковакс механизмот. Во недела попладне пак, на скопскиот еродром ќе слетаат два авинот а во секој од нив ќе има по 250 илјади дози вакцини од кинескиот производител „Синовак“.

Од здравство соопштија дека имаат доволно капацитети односно фрижидери за чување на вакцините „Фајзер“ и дека тие ќе бидат дистрибуирани во поголем дел од државата и во сите големи вакцинални пунктови.

Според официјалните податоци на министерството за здравство вчера се вакцинирале 6.478 граѓани од кои 3.712 ја примиле првата доза. Вакцинацијата се одвива со вакцините на „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синовак“ додека во процесот ревакцинацијата се користат вакцините на „Синофарм“, „Фајзер и Астра Зенека“. Досега се аплицирани 494.909 дози.

Заклучно со вчера вакцинирани се 285.957 граѓани од кои 208.,592 ја примиле и втората доза. Гледано по возрасни групи 51 отсто од населението над 70 и 45 отсто од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.

Здравствените власти најавија дека околу 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин ќе бидат вакцинирани во следните дваесет дена.

Министерот Филипче пак соопшти дека приоритет во процесот на вакцинација во следниот период ќе биде наставничкиот и техничкиот кадар во училиштата и гимназиите, околу 20 илјади лица.

Истовремено, за да може да биде што побезбеден старот на идната учебна привршува изготвувањето на протоколите за стартот на школската година кои предвидуваат сите ученици да присуствуваат на настава со физичка одделеност и немешање како и мерки за дезинфецкија и проветрување.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе