Вести Македонија Топ вести

Тајно снимање во мотелски соби за уцена на гостите-жртви, никој не одговара

Според сознанијата на КОД, кон крајот на мај, по допрен глас се отвора истрага бидејќи станува збор и за двајца полицајци чии тајно снимени видеа се објавени на фејсбук профилот.

Пред околу три недели, полицијата и обвинителството сомнежите ги лоцираат на три лица од кои еден е поврзан односно бил вработен во спорниот мотел. Со налог за претрес се прабаруваат два стана, компјутери и телефони на осомничените. Но ништо не е откриено. Тројцата се повикани на распит, но тие негираат дека имаат било каква врска со скандалот кој почнува да расте. Тука истрагата запира бидејќи на компјутерите не е најдено ништо од компромитирачките тајно снимени видеа. Не е најден ниту било каков доказ дека тројцата приведени воопшто учествувале во оваа шема која мириса на уцени.

Во меѓувреме на својот фејсбук профил, мистериозниот објавувач почнува да објавува и имиња на девојки, па дури и фотографии и адреси од фејсбук на девојките кои биле во собите во мотелот, па подоцна ги брише. Објавена е и фотографија од една жена, за која се споменува дека е од судот.

Последната објава е на осму јуни- кога ги става на фотографии таканеречените Ромео и Јулија. Тогаш профилот замира, не се гасне, но не се ниту обновува со нови профили. Неколку дена подоцна отворен е профил со слично име, објавена е и уште фотографија и е спомнато име на познат бизнисмен. Целата состојба почнува да личи на широко разработена шема за уцени, во која покрај уценуваните мажи, повторно на удар се и жените кои биле со нив. Има мали сличности и со Јавна соба, иако е различен по намерата кому да му наштети, ни вели адвокатката Драгана Дрндаревска од коалицијата Маргини.

Од она што успеавме да го дознаеме од извори, добро упатени во истрагата, имало и уцени односно обиди за уцени. Некои од луѓето кои ги има на снимките објавени на фејсбук добивале пораки, преку сервис за крипто валути во Скопје да уплатат виртуелни, дигитални пари за да се спасат од срамот да бидат објавени целите видеа. Пријави нема, а се претпоставува дека такви видеа се чуваат скриени во таканаречените клауди некаде во интернет просторот. Имало обиди да се контактираат за уцена, да се спомнуваат и луѓе кои воопшто никогаш не биле  во спорниот мотел. Сето тоа наведува на заклучок дека мистериозниот Фејсбук уценувач се обидувал насекаде каде што сметал дека неговите обвинувања и закани може да поминат. Тоа е рецепт по кој се удира врз оние што едно зборуваат, а друго прават, вели Дрндаревска.

Мотелот Уно е еден од двата слични мотели на патот кон Блаце, со иста намена за дисреција на своите гости. На видео кое го има на својот инстаграм профил објаснето е како да се стигне до него . Се обративме на бројот на мотелот Уно за коментар, но ни одговорија дека за се има истрага на полицијата.

Ние како менаџмент на објектот не знаеме ниту кој ги поставил камерите, ниту каде се снимките ниту кога биле снимани тие видео материјали. Не можеме да ви дадеме повеќе одговори и да ве примиме. Повеќе информации барајте од полицијата затоа што таа води истрага со која ние соработуваме.

Снежана Лупевска Созен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агим Красниќи, брат му и уште двајца од кондовската група на меѓународна потерница – МВР доби известување од косовската полиција

Дејан Дејан

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе