Свет

Почнува лидерската средба на НАТО

Во Брисел денеска се одржува Самитот на НАТО, Северна Македонија ќе ја претставува премиерот Зоран Заев. Лидерите на 30-те земји членки ќе разговараат за иднината на Алијансата и нејзините предизвици.

Целта на генералниот секретар, Јенс Столтенберг, е лидерите да се усогласат за „амбициозна“ агенда за 2030-та во однос на безбедноста и одбраната. Тој на лидерите ќе им претстави низа предлози, вклучително и зајакнување на политичката димензија на Алијансата, како и засилување на колективната одбрана и отпорноста на земјите членки во однос на инфраструктурата.

Кибер безбедноста, климатските промени, и секако зголемувањето на буџетските стапки на земјите членки за одбраната ќе бидат меѓу најважните теми на дискусија.

Русија и Кина ќе бидат меѓу клучните разговори, посебно како НАТО да се постави во однос на подемот на овие две светски сили.

Столтенберг го поздравифактот што од 2014 земјите членки на Алијансата постојано го зголемуваат буџетот за одбраната, до 2024 сите 30 земји се заложија да постигнат два отсто од бруто домашниот производ наменет за воени цели.

Сите предизвици бараат постојано зголемување на инвестициите во одбраната. Последните седум години по ред се зголемени расходите за одбраната, додадени се 260 милијарди долари од 2014, но треба да инвестираме уште повеќе за да ја постигнеме нашата висока амбиција, рече шефот на Алијанса во петокот.

Тој се повика на последните анкети на јавното мислење, спроведени од НАТО но и од Пју (Pew Research), кои покажуваат висока поддршка на граѓаните за Алијансата и за соработката помеѓу Европа и Северна Америка.

Уверен сум дека ќе се усогласиме за амбициозна и напредна агенда 2030 која ќе биде одраз на високата амбиција што ја имаме за Алијансата затоа што се соочуваме со големи безбедносни предизвици, рече Столтенберг, додавајќи дека треба граѓаните на Европа и Северна Америка да „останат безбедни“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

Дејан Дејан

Инфаркт со смртни последици над Италија – 33-годишен маж почина во авион на „Рајанер“ во кој била и неговата бремена сопруга

Дејан Дејан

Маж фрлил бомба врз сатанистички храм во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе