80 лица од тетовско на возраст од 20 до 40 години со хронични заболувања се пријавени за имунизација.Тие се вакцинираат во просториите на Здравствениот дом во Тетово, додека во Регионалниот вакцинален центар, кој го опслужува целиот полошки регион, се врши само ревакцинација, која се очекува да трае уште една недела, а потоа ќе продолжи вакцинацијата за сите граѓани пријавени на сајтот. Нема гужви, воглавно се почитуваат термините.
На одделенијата во болниците во Тетово и во Гостивар, се лекуваат по неколку пациенти, поради што тие се уште функционираат како Ковид центри.
Во тетовско-гостиварскиот регион во одредени периоди беа и жариштата на вирусот. Во ковид центарот во Тетово биле хоспитализирани над 976 пациенти, додека во Гостивар над 702. Во двете болници амбулански третирани биле по речиси 3.000 лица. Најкритични биле ноември и декември лани, како март и април годинава.
Данијела Билбилоска
