За една година потрошувачката на струја во Македонија се зголемила за 5 проценти, а првичните анализи покажале дека најголем удел во овој раст има се поголемиот интерес за таканаречено компјутерско „копање“ на крипто валути.
Во емисијата КОД повеќе за темата со дигитални пари кои во државата ниту се забранети, ниту се регулирани, иако веќе постојат и 5 крипто-менувачници. Регулацијата на крипто-пари првично ќе оди преку законот за спречување на перење пари.
Повеќе од прилогот на Билјана Николовска. Гледајте ја емилијата КОД на Телма во 19.15
Додека во Македонија се во сива зона, крипто валутитет во повеќе земји во регионот веќе се легализирани. Во Емисијата КОД вечерва и за повеќе случаи кога сопственици на крипто валути од Скопје биле ограбени, а еден од нив останал без милион евра вредни виртуелни валути.
