Македонија Топ вести

Бошко Илиев го започна својот 93 маратон во Стрежевското езеро

Докторот по спортска медицина од Кавдарци, 55 годишниот  Бошко Илиев инаку познат пливачки маратонец,  денеска напладне го започна својот 93 маратон, овој пат во Стрежевското езеро во близина на Битола. За 2,5 часа преплива 7 километри.

-Денеска е мирно езерото, знае некогаш да има неповолности при пливањето, природа е природа. Водата е топла, пријатна, и никакви неповолности нема, вели Бошко Илиев, пливач.

Илиев, сам или во трки учествувал на 71 меѓународен и 22 домашни маратони. Со Стрежевското вкупно препливал 13 приордни и вештачки езера кај нас.

-Ние ги имаме езерата и треба да ги ползуваме за спорт и рекреација. Мојата цел е да гопромовирам пливањето како еден од најздравите спортови, да го промовирам спортот и да им дадам мотив на младите што повеќе да спортуваат, вели Илиев.

Познатиот битолкси пливач и тренер, Кире Марков, кој денеска беше секундант на Илиев, вели дека Битола има голем број пливачи кои се успешни маратонци, но,  никогаш досега не го пливале  Стрежевското езеро, што сега  е нов предзивик за нив.

-Во Битола имаме добри пливачи маратонци. Лани бевме трети во Македонија во маратонско пливање.  Некако добов предизвик да дојдеме и ние тука и да направиме поголем маратон и да го прмовираме пливањето, вели Кире Марков, тренер по пливање.

Ова е првиот маратон на Илиев од овогодишната пливачка агенда, по што во наредните месеци  го очекуваат натпревари низ повеќе балкански држави.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе