Македонија Најважни

Заев: Бугарската декларација е неприфатлива, сѐ разговара за португалскиот предлог   

Државниот врв е запознат со бугарската декларација но не се согласува со нејзината содржина. Премиерот Заев побара од опозицијата да биде конструктивна и да не шири дезинформации. На преговарачка маса е португалскиот предлог а за македонскиот јазик и идентитет воопшто не се разговара. Министерите за надворешни работи на двете земји се во постојан контакт и постои можност да се усогласат одредени работи за да се добие шанса на 22 јуни да се донесе одлука.

ВМРО-ДПМНЕ повторно изрази сомнеж за преговорите обвинувајќи за предавство на националните интереси. Секоја држава која што е кандидат за членство има преговарачка рамка со ЕУ и таа треба да ги содржи стандардите на Унијата и нивното достигнување, но притоа ниту една земја досега не прифатила во преговарачката рамка да се постават услови кои што значат обезличување на идентитетот на еден народ, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ внимателно и будно го следи овој процес, предупредуваме дека ова е многу штетно за Македонија, тајните преговори оставаат голем сомнеж дека Заев повторно во преговорите на прво место ќе ги стави своите лични, функционерски и коруптивни интереси, а на штета на македонските национални и долгорочни интереси, соопштија од ВМРО-дпмне.

Во МНР се разгледува патоказот кој треба да даде точни насоки како ќе се исполнува Договорот со Бугарија на кој инсистира официјална Софија за да се одблокираат македонските евроинтеграции. Македонската страна е оптимист е дека Бугарија и за време на техничка влада може да носи одлуки. Пред две недели португалското претседтаелство со Еу ги посети двете земји и им испорача можно решение кое би ги отстранило пречките за почнување на пристапните преговори на Македонија со унијата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе