Uncategorized

Ковачевски: Нови 350 милиони евра инвестиции на АД ЕСМ во енергетиката и екологијата во Битола и регионот

АД ЕСМ за Битола и регионот најави три нови проекти – изградба на гасна електрана, фотонапонски електрани и топлификација за градот Битола, инвестиции со вкупна вредност од 350 милиони евра.

Според генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, целта на сите овие проекти е да се засили енергетската трансформација која е во тек и за која, како што рече, имаме највисоки оценки како држава од страна на Европската енергетска заедница и да се вложи во обновливи извори на енергија низ државата, но и во регионот.

Нашата политика со овие инвестиции се темели на два столба, односно да ја зачуваме енергетската стабилност на државата и истовремено да ја заштитиме околината и здравјето на граѓаните. Инвестициите во РЕК Битола во следниот период се во рамки на предвидената енергетска трансформација на комбинатот и движењето кон зеленото сценарио. Тука се когенеративната гасна електрана со моќност од 200-400 мегавати која ќе се користи и за производство на електрична енергија, како и за топлификација на Битола, и која ќе биде супституција за два од блоковите на РЕК Битола. Планираниот почеток на работа на оваа инвестиција е по завршувањето на грејната сезона 2025/2026 година. Вредност на инвестицијата во прва фаза ќе изнесува околу 100 милиони евра, односно вкупно 200 милиони евра, изјави Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Советот на јавни обвинители во законски рок ќе даде мислење за постапката за разрешување на Коцевски

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова очекува оставки од членовите на Судски совет по изгласаната интерпелација

Дејан Дејан

(Видео)Лажни дојави за бомби утрово пак ги испразнија голем дел од училиштата во земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе