Вести Свет Топ вести

Уапсениот белоруски новинар во снимена изјава вели дека нема корист од протестите во земјата

Белорускиот новинар Роман Проташевич, кој беше уапсен во мај откако авионот на „Рајанер“ со кој леташе за Вилнус принудно беше приземјен во Минск, во снимен видео материјал вели дека нема корист од повикувањето на протести.

Тој ова го кажува за време на испрашувањето што е емитувано на државната телевизија

Британските медиуми пренесуваат дека Поташевич, во своето второ појавување по апсењето на 23 мај, изгледа опуштено, пушејќи додека со неидентификуван соговорник разговара за опозицијата.

– Тоа во моментов  едноставно не е никаква (протестна) активност, вели  26-годишниот блогер во емисија во која е повторено белоруското тврдење дека авионот морал да биде пренасочен поради закана со бомба од Хамас. Палестинската група негираше каква било вмешаност.

„Кога бев во Вилнус, отворено реков дека уличните протести не се потребни. Во најмала рака, треба да почекаме да се вжешти економската состојба за луѓето да излезат на улиците по чинија супа“, изјавува Поташевич на снимката.

Белоруската опозиција засега е без коментар за испрашувањето на Проташевич.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе